Бајката на Павлина и Илија...

математичарите го нарекуваат π
ирационално и бесконечно

ние го нарекуваме ЉУБОВ

Секоја бајка ги има овие три елементи.

Павлина и Илија.

Овој елемент ни е веќе подготвен.

Нивната бајка започна, не во некоја далечна галаксија, туку токму овде во Млечниот Пат.

пред ... секунди

Како и во повеќето бајки, луѓето кои се вљубени обично се венчаваат, па така и тие.

На 12-ти август 2024 се одржа мала свадбена церемонија во историскиот град Охрид, веднаш до изворите на реката Црн Дрим кај Св. Наум.

КВИЗ

Да патуваме малку низ времето

Каде се сретнаа нашите протагонисти?

Избравте... НеточноТочно

Сега, драг витезу, има една задача за која им треба твојата помош.

Задачата вклучува многу ракија, пред да можат конечно да живеат среќно до крајот на животот.

"Двајца заљубени и по малку изгубени,
Ве спремаат за поход, не бидете зачудени.
Мисијата ќе се одвива во Скопје,
Не треба да се оружувате со копје.

Во оваа приказна нема страшен змеј,
Се слуша од далеку некој вели: „запеј“.
Пале шие фустан, Илија ќе носи сако,
Се шушка дека ќе биде многу јако.

Ти, витезу, собери голема храброст,
Те повикуваме на среќа и радост.
Ќе се прави прослава во Хиподром,
Ќе одекнува тапан силно како гром.

Во љубов сме точно години седум,
Ќе се игра весело оро редум.
Дошол и тој ред, веќе не смее да има дилема,
Пале не знае како да заврши поема.

Нема веќе велигденски пости,
Сега ве каниме да бидете гости.
Радоста нема да е иста без вас,
Ве чекаме да станете на танц со нас!

Си бевме еднаш зад ридови и планина Водно,
31-ви мај го проценивме за згодно.
Оваа бајка нема борба, ни мрак,
Се надеваме дека нема да го правиме ова пак."

Не сме заборавиле на коњот.

Коњот во оваа приказна не е коњ воопшто, туку ресторан со коњички клуб - Потковица во Хиподром, Скопје.

[Кликни за Локација]

Ве покануваме на голема забава да ја прославиме љубовта. Не би било исто без вас!

Мај 2025

Нед
Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Прием:
19:00-19:30 * Танцувањето е задолжително!
до забавата!
Дотогаш, ве оставаме со овие песни за да се подготвите за забавата!
Со нетрпение чекаме да прославиме со вас! Оп! Оп!
Не ја пуштај невестата да побегне! (притисни SPACE или допри за да играш)
Со љубов , IP
ПС. Сликите од прославата ќе ги поставиме на овој сајт некаде во јуни :)